
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 0,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,5 денари, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,5 денари, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 64,5 денари.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како
што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати
и горива за транспорт од 05.01.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува
64,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,668 ден/кг и изнесува 32,1 денари за килограм.

Македонски




