
Вкупно 1.060 килограми кршени ореви, 900 килограми индиски ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите пронајдоа инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во возило на подрачјето во општина Чучер-Сандево.
Акцијата, како што соопшти Агенцијата, била спроведена по пријава од полицијата.
Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени – велат од АХВ.
Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно – пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.
На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.

Македонски







