Skip to main content

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Две недели по прогласувањето на епидемија на лептоспироза во Кантонот Сараево, регистрирани се 71 заболен, соопшти Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево.

Две лица се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а досега нема пријавено смртни случаи.

Епидемијата на ова заразно заболување беше прогласена на 23 мај. Од вкупно пријавените случаи, 30 се лабораториски потврдени, додека 41 се сметаат за веројатни според дефиницијата на Светската здравствена организација. Најголем број случаи, 53, се регистрирани во општина Нови Град, потоа осум во Илиџа и седум во општина Центар.

Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево континуирано ја следи епидемиолошката состојба и редовно ќе ги ажурира информациите за сите промени.

Лептоспирозата е болест што се пренесува од животни на луѓе, најчесто преку директен контакт со урина или ткиво на заразени животни, особено глодари, но и преку контаминирана вода, почва, храна или предмети, како и преку капење во загадени стоечки води.

Поврзани вести