
Александар Вучиќ му го врачил на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, највисокото државно одликување – Орден на Република Србија од прв степен.
Пред да го врачи високото одликување, претседателот на Србија му изразил благодарност на патријархот Кирил за неговиот пријателски став кон Србија и за неговата поддршка на народот на Косово и Метохија.

Ве цениме како авторитетен, мудар духовен водач кој ги брани духовните христијански вредности, единството на православните народи. Овие вредности се непоколеблива основа на односите меѓу Србија и Русија од памтивек и гаранција за нашето зачувување како нација, како православни народи во иднина.
Ве цениме како искрен пријател на Србија, кој го крева својот глас во одбрана на нејзините светости, одбраната на мирното население на Косово и Метохија. Тие се молат за вас во нашите српски цркви на Косово, во Белград во прекрасната катедрала Свети Сава, која блескаше со својата убавина благодарение на непроценливата помош на Русија“, порачал Вучиќ.
