Skip to main content

Вучиќ: Мојот мандат наскоро ќе заврши и ќе дојде некој пошармантен од мене

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно ја потенцираше европската стратегија на земјата, но неговите изјави денес на заедничката прес-конференција со шефот на делегацијата на ЕУ, Андреас фон Бекерат, не можат да се толкуваат како класична дипломатска смиреност.

„Вие во ЕУ не треба да се грижите, мојот мандат наскоро ќе заврши и ќе дојде некој пошармантен. Нашиот стратешки пат е европскиот пат, до изборите. Не знам каде на друго место би оделе. Ние сме во потешка позиција од другите“, изјави Вучиќ, со забележлива доза самодоверба и иронија, оставајќи впечаток дека неговата лична харизма е важна за европската иднина на Србија.

Вучиќ, кој го коментираше и спорното прашање за санкциите кон Русија, рече дека Советот за национална безбедност и владата имаат овластување да ја променат одлуката, оставајќи впечаток на флексибилност – но и на несигурност во официјалната позиција на Србија.

Во однос на санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, Вучиќ беше помалку песимист и се надева дека „ситуацијата ќе се реши добро и поволно за Србија“.

Фон Бекерат, од друга страна, потенцираше дека декларациите за стратешка цел мора да се поткрепат со конкретни акции, предупредувајќи дека напредокот во владеењето на правото, медиумските слободи и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ се неопходни за вистинско членство во Унијата.

Поврзани вести