Skip to main content

Владата на Србија организира коридор: Во тек е евакуација на српските граѓани од Израел

Процесот на евакуација на српските граѓани од Израел е во тек, соопшти вечерва српската амбасада во Тел Авив.

Евакуацијата ја спроведуваат Амбасадата и Министерството за надворешни работи во соработка со надлежните органи на Република Србија. Граѓаните на Република Србија ќе бидат транспортирани во Арапската Република Египет, од каде што ќе бидат вратени со авион обезбеден од Владата на Република Србија, со лет од Египет до Белград“, се вели во соопштението на српската амбасада.

Амбасадата, исто така, наведува дека е во постојан контакт со своите граѓани и продолжува да ја следи ситуацијата на терен.

Првиот авион на линијата Дубаи-Белград треба да полета по претходниот прекин на сообраќајот поради безбедносната ситуација и зголемените тензии во регионот.

САД и Израел извршија заеднички напад врз Иран во саботата, а Израел рано утрово почна и воздушни напади врз врз Либан откако Хезболах испука ракети кон Израел.

Поврзани вести