Skip to main content

Тасулас со сочувство до Сиљановска-Давкова: Грција ќе пружи секаква неопходна помош

Уверување дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, изразил грчкиот претседател Константинос Тасулас во пораката со сочувство за трагедијата во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на државата, Константинос Тасулас во својата порака со сочувство до претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази најдлабокото сочувство на грчкиот народ и лично неговото за жртвите во неописливата трагедија во градот Кочани. Господинот Тасулас им посака брзо закрепнување на повредените и ја увери неговата колешка дека Грција ќе пружи секаква неопходна помош, соопштија од кабинетот на грчкиот претседател.

Сочувство и подготвеност за помош до нашата земја, претходно изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, кој имаше телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Поврзани вести