Skip to main content

Српски дипломат контра Пендаровски: Глигоров не ја одби можноста Македонија да влезе во некоја југословенска федерација

Avtor: Nace Bizilj, hrani: Muzej novejše zgodovine Slovenije

Поранешниот министер на СР Југославија Владислав Јовановиќ за српски Телеграф ги коментира преговорите за опстојување на некогашната федерација во која главниот збор го имал Слободан Милошевиќ.

Српскиот претседател имал одвоени средби со претседателот на БИХ Алија Изетбеговиќ и на Македонија Киро Глигоров за да се задржи заедничката држава во некаква скратена форма откако ја напуштија Хрватска и Словенија.

Милошевиќ отиде во Охрид на разговори со Глигоров кој му рекол дека сака Македонија прво да биде независна а потоа да се размислува за влез во таа нова федерација-изјави Јовановиќ за српски Телеграф.

Ова е сосема различно тврдење од она на поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски кој е убеден дека зад атентатот на Глигоров стои Милошевиќ бидејќи претседателот на Македонија одбил секакви разговори за влез во некоја идна федерација со Србија и со другите поранешни југословенски републики.

Поврзани вести