
Снегот што ја зафати Србија предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во повеќе региони. На одредени делници има судири, заглавени камиони, паднати дрвја и одрони, додека видливоста е значително намалена.
Во текот на ноќта наврнале околу 20 сантиметри снег на подрачјето на Чајетина, Ужице и Бајина Башта во Србија, а сите расположливи екипи се на терен и работат на расчистување на патиштата според приоритети, објави „Србијан тајмс“.
– Снегот на Златибор паѓа од полноќ. Во моментов на терен се 18 камиони и четири грејдери. Забрането е движење за шлепери. Патиштата од прв приоритет ги одржуваме проодни – изјавија од „Патишта Ужице“.
Поради снежните врнежи, сообраќајот се одвива отежнато, па на возачите им се советува зголемена внимателност.
– Се разбира, без зимска опрема да не се тргнува на пат. Снегот е влажен и лизгав. Важно е да се држи растојание и да не се прават нагли промени на брзината и насоката на движење – велат од „Патишта Ужице“.

Македонски



