
Во Србија трае потрага по 20-годишната Ана Радовиќ, која на 23 ноември од Златибор се упатила кон Белград за да се врати на факултет. Оттогаш, таа е исчезната.
Последниот телефонски контакт што го имала бил со нејзиниот брат кога била во близина на Чачак, по што нејзиниот телефон бил исклучен и таа повеќе не е достапна“, пишуваат српските медиуми.
Ана е висока околу 170 сантиметри, има кафеава коса и светло зелени очи.
Семејството и пријателите апелираат до сите граѓани веднаш да ја известат полицијата доколку имаат какви било информации за Ана.

Македонски








