Skip to main content

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, двајца повредени

Dimitris Vetsikas from Pixabay

Експлозија се случила во раните утрински часови на влезот од станбена зграда во солунската населба Сикиес, објави весникот „Катимерини“.

Експлозијата е предизвикана од механизам активиран од непознати лица, а евидентирана е материјална штета како во зградата каде што се случила детонацијата, така и во околните згради и паркираните возила.

Двајца млади лица се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло, и се пренесени во болницата „Хипократ“ во Солун.

Поврзани вести