Момчето Вукан Вулетиќ(9) е најмладата жртва на монструмот од Цетиње.
Тој заедно со братот Јован Вулетиќ(13) го изгуби животот во крвавиот пир на Александар Мартиновиќ, масовниот убиец кој во првиот ден од годинава усмрти 12 лица, додека 4 рани тешко.
Инаку Мартиновиќ го уби и чичкото на момчињата.
Иако на почеток се мислело дека настрадал и таткото на момчињата, се испостави дека се работи за нивниот чичко, кој инаку е сопственик на кафената каде првобитно убиецот го започнал убиствениот поход. Мирко Вулетиќ настрадал меѓу првите, за потоа Мартиновиќ да продолжи да сее смрт, при што настрадале и младите Јован и Вукан.