
Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на „X“му одговори на предлогот на Вучиќ Западен Балкан заеднички да се приклучи кон ЕУ. Спајиќ порача дека Црна Гора очекува да биде подготвена за членство веќе во 2028 година.
На социјалната мрежа Икс, Спајиќ напиша: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“

Македонски







