
Поддршката за Украина е приоритет на кипарското претседателство со Европскиот совет, изјави претседателот на Кипар, Никос Христодулидес.
Веднаш по разговорите со својот украински колега, Володимир Зеленсаки, Христодулидес истакна дека состанокот бил суштински и конструктивен. Тој, исто така, ја потврди непоколебливата и цврста поддршка на Кипар за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина.
Зеленски, од своја страна, изјави дека на билатералната средба со кипарскиот претседател се разговарало за потребата од заострување на санкциите против Русија, подготовка на нов пакет мерки и преземање голем број чекори за борба против руската „флота во сенка“.

Македонски




