
„Србијавоз“ денеска го прекина целиот патнички железнички сообраќај поради анонимна дојава за поставени експлозивни направи на сите возови и пруги. Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на компанијата, мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не ги извршат сите безбедносни проверки.
Сообраќајот на сите патнички возови е суспендиран до понатамошно известување – велат од „Србијавоз“, при што се потенцира дека алармантната дојава се однесува на сите правци и линии.