Skip to main content

Осудени убијците на Јовица Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан кому власта на СДСМ му даде македонски пасош


Во Турција е изречена пресуда за убиството на водачот на Шкаљарскиот клан Јован Вукотиќ. Јакуп Доган и Емирџан Сумер беа идентификувани како директни сторители. Покрај нив доживотен затвор добија и Радоје Живковиќ, Жељко Бојаниќ и Здравко Перуновиќ.

Вукотиќ беше убиен на 8 септември 2022 година во Истанбул, а за неговото убиство се обвинети 16 лица, меѓу кои и членови на Кавачкиот клан и турската мафија.

Деталите за убиството, како и настаните пред и по него, беа откриени за време на судењето пред кривичен суд од висок профил во Истанбул. Вукотиќ бил постојано следен со помош на GPRS уред инсталиран во неговиот автомобил.

За нас Вукотиќ е важен бидејќи беше еден од стотината криминалци на кои поранешната влада на СДСМ му даде македонски пасош.

Вукотиќ беше Георги Андонов

Токму со наш пасош Вукотиќ беше уапсен  во Турција пред пет години од каде беше со специјален авион однесен во Србија. При апсењето тој тврдеше дека има легален македонски пасош и ја говореше вистината.

Неговиот вистински лик беше додаден на идентитетот на извесен Георги Андонов. Веројатно станува збор за лице кое никогаш не извадил наш пасош или веќе не живее во Македонија.