Skip to main content

Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието

X

Новинари и камермани од локалните медиуми го бојкотираа лидерот на Самоопределување, Албин Курти, при напуштањето на зградата на косовското собрание поради неговиот игнорантски став кон јавноста.

Медиумските работници, кои беа собрани пред зградата на Собранието на Косово, ги спуштија микрофоните и камерите на подот додека косовскиот премиер ја напушташе зградата, пренесе Кликс.ба.

Оваа акција на новинарите дојде како знак на протест бидејќи Курти не проговори ниту збор за медиумите во претходните седум дена, и покрај петте седници на Собранието одржани во тој период.


Курти и неговата партија, исто така, ги напаѓаат медиумите и новинарите кои се критични кон нив, обвинувајќи ги за врски со Србија. Така, тој се обиде да ја одземе лиценцата за работа на најголемата телевизиска станица во Косово – Клан Косова, а од предизборната кампања бојкотира многу медиуми.


Здружението на новинари на Косово ги повика сите политички актери, особено лидерот на партијата што освои најмногу места во Собранието, да бидат транспарентни со медиумите и јавноста за толку важна тема како што е конституирањето на косовското законодавно тело.


На 15 април, Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, потврдувајќи дека неговата влада е во технички мандат. Причината за неговата оставка е тоа што законите не му дозволуваат истовремено да извршува и извршни и законодавни функции, а Курти доби мандат во Собранието на Косово.

Поврзани вести