
Германскиот Билд објави дека во многу делови на Европа постои голема загриженост за американско-руските преговори и можноста за повлекување на американските војници од некои делови на Европа, вклучително и Косово, пренесува „Репортери“.
„Италија се подготвува за можно повлекување на американските трупи од Косово. Тогаш европските сојузници би биле сами на Балканот против пријателот на Путин, Александар Вучиќ и неговата моќна српска војска“, пишува написот на Билд.
Според Билд, единствените за кои во моментов не се разговара се американската база во Рамштајн, Германија и базите на воздухопловните сили во ОК. Остатокот од Европа треба да се подготви за длабоки промени доколку Трамп и Путин постигнат договор, се заклучува во текстот.
Според информациите на официјалната веб-страница на НАТО, Италија има најмногу војници во КФОР, вкупно 1.258, а по неа е Америка со 602 припадници.