
Заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, ефикасна контрола на секоја стока што ја носат патниците и забрзан проток на патници се очекува со воспоставување на системот на едно застанување на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Р. Косово,напиша директорот на Царината Бобан Николовски.
На оваа тема денеска разговаравме со директорот на Царинската управа на Косово, Агрон Лугалиу, заменик министерот зафинансии и труд Агон Добруна и директорот за граници на Косово одржана на граничниот премин Блаце.