Skip to main content

Македонците масовно се иселуваат од регионот на Голо Брдо во Албанија

 Македонците се иселуваат од село Требиште, Голо Брдо, Албанија. Од 700 сега има само 130 семејства. “Жителите-Македонци,  што сè уште живеат таму велат дека причините за иселувањето се бројни и долготрајни. Меѓу главните проблеми ги наведуваат лошата патна инфраструктура, нестабилното снабдување со електрична енергија, ограничените здравствени услуги, и немањето никакви можности за вработување,  објави весникот “Илинден”.

Згора на тоа, албанската влада донесе одлука во тој регион да се градат мигрантски кампови што предизвика незадоволство меѓу Македонците.

Поврзани вести