Skip to main content

Ќе распоредува авиони Ф-16: Турција планира да го зголеми военото присуство на Северен Кипар

wietze-brandsma-from-pixabay
wietze-brandsma-from-pixabay

Турското Министерство за одбрана ја разгледува можноста за распоредување борбени авиони Ф-16 на територијата на таканаречената Турска Република Северен Кипар.

Ваквиот потег се рагледува во време на континуираната регионална ескалација, објави „ТРТ Хабер“, повикувајќи се на извори во министерството.

Во светлината на најновите случувања, се спроведува фазно планирање за да се обезбеди безбедноста на Турската Република Северен Кипар. Распоредувањето авиони Ф-16 на островот е една од опциите што се разгледуваат“, се вели во соопштението.

Поврзани вести