
Фејсбук групата БОЈкот.ба ги повика денеска граѓаните на БиХ да ги бојкотираат продавниците уште еднаш, трет пат по ред.
Рационализирајте го вашето трошење во другите денови. Избегнувајте да купувате расипливи производи. Избегнувајте да купувате артикли кои најмногу поскапеле, барајте алтернативи. Купувајте само основни намирници. Во петок, не купувајте ништо. Бидете дел од промената“, велат во соопштението.
Ова е неформална група која ги повикува граѓаните на Босна и Херцеговина да ја бојкотираат трговијата поради високите цени на производите, на ист начин како што беше претходно направено во Хрватска.
Сепак, нема податоци за ефектите од претходните два бојкота, кои би важеле за целата земја, пренесува Танјуг.