Skip to main content

Албански медиуми: МАЕИ останува доследна на својата мисија – достоинствено претставување и унапредување на правата на Македонците во Албанија

Фото: МАЕИ

Албанските медиуми отстапуваат посебен простор за учеството на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) на парламентарните избори и за лидерот Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник.

-На плоштадот „Скендербег“ во срцето на Тирана се одржа првиот изборен митинг на Социјалистичката партија, со која Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција. На митингот беа претставени кандидатите за пратеници од сите 12 изборни окрузи низ Албанија, меѓу нив и Васил Стерјовски, единствен Македонец, во трка за пратенички мандат, наведуваат медиумите.

Додава дека тоа е “силен тим, обединет од заедничка визија: напредна, европска и правична Албанија за сите нејзини граѓани”.

-МАЕИ, единствената партија на Македонците, останува доследна на својата мисија – достоинствено претставување и унапредување на правата на Македонците во Албанија, преку институционално учество и силни партнерства, додаваат  медиумите.

Тие пренесуваат и порака на Стерјовски во која тој вели: Продолжуваме заедно – за глас што се слуша, за иднина што ја градиме!

Инаку, Македонци од повеќе делови на Албанија, како и од Тирана, членови и симпатизери на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), присуствуваа на митингот во поддршка на коалицијата, посебно на Стерјовски.

Поврзани вести