Skip to main content

Албанската полиција во регионот на Скадар уништи 16755 стебла и заплени 320 килограми марихуана

Фото: Freepik

Албанската полиција продолжува со теренската операција за сузбивање на одгледувањето наркотични растенија, во чии рамки денеска во регионот на Скадар, уништени се 16755 стебла марихуана.

„Исто така запленети се 320 килограми гранки канабис со пупки, исечени и во процес на сушење. Покрај полицијата од Скадар и полициските станици во округот, во операцијата беа вклучени и Силите за брза интервенција од Тирана, распоредени неколку дена во овој регион, стои во полициското соопштение.

Се додава дека истражната група продолжува со својата работа за идентификување, фаќање и изведување пред лицето на правдата на лицата одгледувачи на наркотични растенија.

Според полициската статистика само во јули уништени се 52.934 стебла марихуана, запленети биле 6,2 килограми и стотици дози од ова наркотично растение, потоа 2,5 килограми кокаин и поголема количина амфетамини.

Поврзани вести