Skip to main content

Адвокатите во Србија почнуваат со редовна работа

Адвокатите во Србија од денеска почнуваат редовно со работа, по прекинот кој траеше вкупно 30 дена, пишува весникот „Политика“.

Адвокатската комора на Војводина (АКВ) одлучи дека в петок, 7 март, повторно ќе ја прекине работата на еден ден, како поддршка на студентите.

Како што објави „Политика“, академиците ги повикаа сите граѓани да се приклучат на генералниот штрајк в петок, а на тој повик се одзва АКВ.

На тој ден, адвокатите од Војводина ќе постапуваат само по притворски и малолетнички случаи и во постапки поврзани со семејно насилство.

Поврзани вести