
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција се осврна на случај во кој припадник на неговото обезбедување е приведен по пријава за физички напад врз сопругата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека институциите веќе постапуваат и нагласи дека законот важи еднакво за сите, без оглед на функцијата или позицијата.
Тој посочи дека ова не е изолиран случај и дека нема да има толеранција за какви било прекршувања, вклучително и кај лица кои се дел од неговиот тим за обезбедување.
„Системот функционира и надлежните органи постапуваат. Тоа е доказ дека нема заштитени“, изјави премиерот, додавајќи дека вакви случаи денес се санкционираат, за разлика од минатото кога, според него, не секогаш било така.
Мицкоски потенцираше дека нема да дозволи недисциплина и порача дека секој што ќе го прекрши законот ќе сноси одговорност.

Македонски



