Skip to main content

Сиљановска-Давкова ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со Орден „8 Септември“:

Како што соопштуваат од Кабинетот на Сиљановска, орденот на Кедев ќе му биде доделен за храбриот придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и за активното учество во развојот на македонската демократија, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, крунисани со членство во престижни научни меѓународни асоцијации.

Натаму, додаваат оттаму, за уживањето посебен углед како врвен интервентен кардиолог којшто вовел иновативни техники и методи, извршил неколку илјади коронарни интервенции и над 1 600 транс-радијални каротидни стентирања, за исклучителните образовни и научни успеси, потврдени со 230 публикации со импакт-фактор на платформата „Wеb of Science“, H-индекс 36 и 13 650 цитати, за продлабочувањето на меѓународната соработка како почесен конзул на Индонезија.

Орденот на Кедев исто така ќе му биде доделен и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина, наведуваат од Кабинетот на претседателката.

Поврзани вести