
Американската компанија за видеоигри, „ЕА спортс“ нуди ново искуство за претстојната Формула 1 сезона за 2025 година. Играта „Ф1 25“ е достапна на англиски и француски јазик.
Играта е развиена од „Кодмастерс“ и ќе биде достапна од 30 мај, за „Плејстејшн 5“, „Икс-бокс С“, како и за на компјутер. Возбудата е уште поголема со оглед и на претстојниот филм „Ф1“ со Бред Пит во главната улога, којшто во кината доаѓа во јуни.