
Американскиот рапер Снуп Дог стана косопственик на англискиот второлигаш Свонси Сити.
Минатата недела, 53-годишниот Снуп Дог се појави на социјалните мрежи облечен во новиот дрес на Свонси за претстојната сезона, а велшкиот клуб денеска објави дека тој станал акционер.
„Историјата на овој клуб и неговиот регион ме трогна. Тие се горд град и клуб на работничката класа. Аутсајдер со предност, како мене“, коментираше Снуп Дог.
Минатиот ноември, велшкиот клуб го презедоа американските инвеститори Брет Крават и Џејсон Коен.
Свонси испадна во англискиот Чемпионшип во 2018 година и оттогаш се обидува да се врати во Премиер лигата.
Велшкиот ривал на Свонси, Врексам, избори промоција во Чемпионшип лигата, откако клубот беше купен од холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени во 2020