
Според градоначалникот на Бјеловар, Дарије Хребак, Модриќ влегува во партнерство со производителите на едно од најдобрите хрватски занаетчиски пива, бјеловарската пивара Цепелин Крафт, пишува Пословни дневник.
Пиварата е основана во 2017 година, а локални извори наведуваат и дека Модриќ ќе стане сопственик на 50%. За пивото и неговото производство ова е голем медиумски пробив, па бјеловарските власти веќе најавуваат дека тамошната деловна зона Велико Кореново е подготвена за можни проширувања на пиварницата и нови инвестиции.