Skip to main content

Игра во Милан, но срцето му е во Мадрид: Погледнете ја вилата на семејството Модриќ

Сите очекуваат дека по завршувањето на играчката кариера во Милан, Модриќ да се врати во Мадрид, каде што изгради живот и кон кој е особено приврзан, и дека ќе продолжи да живее во вилата што ја изгради додека играше за Реал Мадрид.

Вилата е опремена со прекрасни погодности. Вториот кат е резервиран за гости и нуди спектакуларен поглед на беспрекорно уредениот двор. Внатре во куќата има приватно кино со 18 седишта, стаклен вински подрум и пространа игрална соба за деца.

Дополнително, имотот има гаража за десет автомобили, базен, спортски терени и патека за кросфит. За целосна удобност, има и приватна теретана и соба за масажа.

Поврзани вести