Skip to main content

Tренерот на Пелистер призна: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

 Ракометарите на Еурофарм Пелистер се претставија добро во дуелот со европскиот великан Барселона во ракометната Лига на шампиони, но не успеаја да обезбедат позитивен резултат на домашен терен (30:34).

Шпанецот кој го предводи битолскиот тим се согласи дека подобриот тим победи, но е задоволен од напредокот во играта на неговите избраници.

– Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги сопреме во одредени ситуации. Вториот дел беше многу подобар, видов борба. Имавме мала шанса на крајот на мечот, но не можевме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и сме подобри, мора да го ставиме фокусот дури и на најмалиот детал во играта. Мора да го држиме фокусот, да бидеме паметни во најситните моменти. Знам дека некогаш не е лесно да се прави тоа, но мора да работиме на таквите работи за да дојдеме до нови победи, изјави Рубен Гарабаја.