Skip to main content

Сензација на ЕП: Падна Данска

Фејсбук профил на ЕХФ Еуро

Се чинеше невозможно, но ете, се случи, падна и најмоќната репрезентација на Европското ракометно првенство и во светот. Португалија во 3. коло од групата Б ја порази Данска со 31-29 и се искачи на првото место во групата со пет бода.

Ова е втора победа на Португалците, по победата над Романија (40-34) и ремито со Македонија (29-29). Данска има 4 поени и заедно со Португалија продолжуваат во втората фаза од шампионатот. За Македонија која има три бода и Романија без ниту еден поен, првенството заврши.

Ова е прв пораз за Данците на големите натпреварувања (Олимписки игри, Светски и европски првенства) по пауза од две години.

Поврзани вести