Skip to main content

Селекторот Лазаров дополнително го повика искусното лево крило Гоце Ојлески за мечот со Романија

Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг.

Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел против Португалија.

Македонската репрезентација утре со почеток во 18 часот во Хернинг за противник ја има Романија во завршното, трето, коло во рамки на групата Б.

Избраниците на Лазаров се третопласирани во група со еден бод и за пласман во следната рунда ќе им биде потребна победа против Романија и висок пораз на Португалија од Данска.

Поврзани вести