
Од следната натпреварувачка сезона нов член на македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марцинијак.
Дваесетидеветгодишниот полски ракометар, кој игра на позицијата десен бек/десно крило потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак, до 2027 година.
Марцинијак во моментов е член на полскиот прволигаш Азоти Пулави, а претходно настапуваше за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе биде негово прво интернационално искуство.
Марцинијак настапи и на последното СП 2025, и на седум средби постигна 13 голови за Полска.
Новото засилување ќе биде третиот Полјак кој ќе го носи дресот на Вардар, по Патрик Валчак и Јан Чувара.