Skip to main content

Реваншот Охрид-Татабања ќе се игра на 31 мај

 Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалните натпревари во ЕХФ Европскиот куп, каде втора сезона учесник е македонски ракометен клуб. По ланското финале на Алкалоид (актуелен освојувач), ракометарите на Охрид сезонава ќе играат против Татабања од Унгарија.

Првиот натпревар се игра во Унгарија на 24. мај во Татабања со почеток во 17 часот.

Реваншот ќе се игра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид на 31. мај со почеток во 20 часот. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место и охридската публика да биде голема поддршка за ракометарите кои ќе бидат на теренот.

По завршувањето на реваншот во Охрид пехарот ќе и биде доделен победничката екипа.

Поврзани вести