
– Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона.
– Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели, изјави Зечевиќ.
Доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и ја носеше капитенската лента во овој тим.

Македонски



