
Во пресрет на жрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во женска конкуренција, ЕХФ го објави распоредот во квалитативните садови.
Репрезентацијата на Македонија која беше дел од последните два континентални шампионати е во третиот сад заедно со селекциите на Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово.
Статус на носители имаат Франција, Шведска, Холандија, Германија, Црна Гора и Шпанија, а во вториот квалитативен сад се наоѓаат Словенија, Хрватска, Австрија, Швајцарија, Србија и Исланд.
Во последниот четврти сад се поставени Фарски Острови, Финска, Израел, Босна и Херцеговина, Литванија и Белгија.
24-те репрезентации ќе бидат поделени во шест групи по четири, а пласман на завршниот турнир што ќе се одржи во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција обезбедуваат освојувачите на првите две места и уште четирите најдобри од третопласираните селекции. Жрепката ќе се одржи на 20 марти во Клуж и почнува во 17 часот.