Skip to main content

Ракометарите на Вардар продолжуваат со победите во Супер лигата

Фејсбук РК Вардар 1961

Лидерот на табелата во ракометната Супер лига Вардар со победа ги продолжи натпреварите од вториот дел од сезоната откако го совладаа МРК Куманово 30:20.

Гостите единственото водство го имаа на почетокот на дуелот кога поведоа со 1:0, а „црвено-црните“ постојано го зголемуваа водството кое на полувреме изнесуваше 13:6. До крајот на дуелот Вардар ја зголемуваше предноста за убедливи +10 на крајот на натпреварот. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус со 8 голови без промашување.

На вчера одиграниот дуел Охрид – Прилеп 28:17, другите четири натпревари од 19.коло се играат утре.

Вардар е лидер со 36 бодови, пред Охрид со 31 бод, Еурофарм Пелистер има 30, а Алкалоид 29. 

Поврзани вести