Skip to main content

Пораз од Полска: Македонските ракометарки нема да играат на Светското првенство

фото МИА

Македонските ракометарки носени на крилјата на бројната публика во полната сала ,,Боро Чурлевски” во текот на целиот натпревар играа добро во одбраната и лошо и неефикасно во нападот. На семафорот најчесто имаше израмнет резултат, а само еднаш водство од 8:7, додека во останатиот дел од дуелот гостинките искусно одржуваа блага предност и на крајот победија со 23:21.

Најефикасна на средбата беше ракометарката од Полска, Балсам која постигна 7 голови, додека во македонската селекција со 5 голови се истакна Дамјановска.

Приходот од продадените влезници ќе биде дониран за настраданите семејства во Кочани

Поврзани вести