
– Нов ракометар од следната сезона на Еурофарм Пелистер ќе биде полскиот десен бек Анџеј Видомски, објави попладнево актуелниот македонски првак.
Како што е соопштено, 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор со шампионот на Македонија и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.
Видомски ќе дојде во Еурофарм Пелистер од редовите на полскиот прволигаш Гвардиа Ополе.
„Видоmски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина, а ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26“, се наведува во клупското соопштение