
Сигурно дека ниту еден од делегацијата на ракометната репрезентација на Македонија, но и сите наши навивачи во салата, никогаш во животот со потешко срце не ја испеале националната химна.
На денот на огромната трагедија во која животот го загубија преку 59 главно млади лица, ЕХФ го одби барањето на РФМ за откажување на натпреварот од евро-квалификациите со Словенија.