Македонската ракометна репрезентација денеска одмара пред утрешниот меч против Катар. Противниот познат, селекторот уште попознат.На клупата на Катар е Веселин Вујовиќ кој беше тренер на Вардар но и на нашата селекција. Пред мечот, популарниот „Вујо мајсторе“ има само пофални зборови за момците на Кире.
– Македонците не се брзи како Холанѓаните, можеме да се надигруваме, но не би сакал да прогнозирам. Ако треба да правам некоја прогноза, би и дал мала предност на Македонија, поради мотивација, поради младоста и поради желбата. Јас како селектор ќе се обидам мојот тим да го одигра најдобриот меч. Ако победиме ќе биде супер, ако изгубиме, јас ќе им честитам на Македонците и ќе им посакам се најдобро. Македонија се уште има некоја математика за четвртфинале, јас само очекувам да има добар меч, да гледаме добар натпревар и на крајот, да подобри подобриот ривал, – изјави Вујовиќ.