Skip to main content

ЗОИ2026: Второ злато за Французинката Симон

Французинката Жулија Симон го освои својот втор златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 откако денеска беше најбрза во поединечниот биатлон на 15 километри на патеката во Ливињо.

Симон до златното одличје дојде и покрај тоа што имаше едно промашување, но оствари најдобро време од 41:15,6, минути, пред нејзината сонародничка Лу Жанмоно, која заостана 53 секунди.

Бронзениот медал на големо изненадување го освои Бугарката Лора Христова, која ги погоди сите 20 цели, но заостануваше 1:04,5 минута.

Ова е втор златен медал на Симон на ЗОИ 2026 во Милано/Кортина, откако претходно го освои златото со француската репрезентација во мешаната штафета четирипати по 6 километри.

Поврзани вести