
Главниот град на земјава во наредните два дена ќе биде домаќин на светскиот теквондо врв. Се работи за Г1 ранг турнир кој е дел од официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација и носи бодови за олимписка норма.
Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе дојдат над 700 натпреварувачи од повеќе од 50 држави, голем број олимписки и светски медалисти.
Нашиот Дејан Георгиевски се бори во недела, а покрај него, Македонија ќе биде претставена уште од 20 теквондисти.
Големата бројка на македонски теквондисти кои ќе се претстават пред македонската публика, како и самата организација на овој турнир е потврда за крупните чекори што ги прави Македонската теквондо федерација за популаризација на овој олимписки спорт, велат од Федерацијата во пресрет на настанот.