Skip to main content

Синер го освои најпрестижниот Мастерс во Париз

 Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако вечерва во финалето, во два сета, го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим (АТП – 10), со 6:4, 7:6.

Синер до победата дојде за еден час и 53 минути и од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот, бидејќи со овој триумф го престигна Шпанецот Карлос Алкараз на АТП листата.

За Синер ова е 23. титула на АТП турнирите во неговата кариера, а петта оваа година.

Италијанскиот тенисер минатата недела го освои турнирот во Виена, а претходно освои два грен слем турнири, Австралија Опен и Вимблдон, а победи и на турнирот во Пекинг.

Поврзани вести