Skip to main content

Почина легендарниот Хулк Хоган

Facebook / Hulk Hogan
Facebook / Hulk Hogan

Легендарниот кечер, но и актер и шоумен, Хулк Хоган, почина на 71-годишна возраст во својот дом во Флорида.

Според медицинските извештаи, станува збор за срцев удар.

Пред неколку недели, неговата сопруга Скај ги негираше извештаите дека е во кома, но изјави дека неговото срце е „скршено“ додека се опоравувал од неодамнешна операција.

Хоган беше легенда на американското борење (кечери) и глобална поп-икона.

Тери Болеа, како што беше неговото вистинско име, беше инспирација за многу генерации, а неговата смрт претставува крај на една ера за милиони фанови ширум светот кои растеа со „Хулкоманијата“ во 80-тите и 90-тите години.