Skip to main content

Победа за нашата Лина во Романија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Симона Огесгу со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) за 88 минути.

Во првиот сет беше изедначено на стартот и 2:2 во гемови, а првиот брејк го направи Ѓорческа. Во деветтиот гем македонската тенисерка го освои гемот на свој сервис без загубен поен и со тоа најави освојување на првиот сет, кој го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа имаше предност од 2:0, а потоа водеше и со 3:2 во гемови и со три гема во низа го заврши сетот со 6:2 искористувајќи ја првата меч топка за конечен триумф во стартниот меч.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против уште една тенисерка од Романија Бланка Барбулеску . 

Поврзани вести