Skip to main content

Пјастри ја освои Големата Формула 1 награда на Белгија

Facebook / Oscar Piastri
Facebook / Oscar Piastri

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на трката во Формула 1 возена за Големата награда на Белгија. 

Неговиот клупски колега Ландо Норис заврши на второто место, додека возачот на Ферари, Шарл Леклер го освои третото место.

Четвртото место му припадна на актуелниот четирикратен светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е колега на Леклер, заврши седми.

Почетокот на трката беше одложен за 1 час и 20 минути поради дожд. 

Поврзани вести