Skip to main content

Олимпијката Релиќ освои бронзен медал во Австрија

Македонската таеквондистка Милијана Релиќ викендот го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук.

Во категорија – 62 кг Македонката ја покажа својата врвна форма пред десет дена исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.

Во првата борба Релиќ два пати ја победи репрезентативката на Сенегал, Фатима Менди, со по 5:0 во рунди. Во второто коло Мила ја победи Украинката Марија Леонова, исто така, со 2:0 во рунди. Во третото коло извојува многу тесна, но значајна победа за освојување на бронзениот медал над Хелена Кичема од Хрватска со 2:1 во рунди во неизвесна и исцрпувачка борба до самиот крај.

Во полуфиналето, Релиќ беше поразена од Јулија Шпак (Полска) со 0:2 во рунди.

Релиќ освои нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг-листа и со овие поени на мартовското рангирање се очекува таа да влезе во листата на најдобрите 10 во светот.

Поврзани вести